Во пресрет на велигденските празници ЈП „Охридски Комуналец“ во координација локалната самоуправа и Дебарско-кичевската епархија,  спроведе акција за дезинфекција на православните верски објекти на територијата на Општина Охрид.

Со антибактеристико дезинфекционо средство се третираа пристапите, дворните места и внатрешниот простор од црквите:

  • „Св.Софија“,
  • „Св.Богородица Перивлептос“,
  • „Св. Богородица – Каменско“
  • „Св.Пантелјемон и Св.Климент Охридски“(Плаошник),
  • „Св. Јован Богослов-Канео“,
  • „Св.Никола -Геракомија“,
  • „Св.Никола“(Долна Влашка Маала) и
  • „Св.Ѓорѓија“.