Согласно оперативните мерки кои ги презема Општина Охрид за превенција од ширењето на Корона вирусот Ковид-19, во текот на изминатите денови се изврши дезинфекција на основните училишта: „Григор Прличев“, „Братство Единство“, „Методи Патче“, „Живко Чинго“, „Кочо Рацин“ и „Христо Узунов“, како и на ОУТУ „Ванчо Питошески“ заедно со ученичкиот дом.

До крајот на оваа седмица ќе се изврши дезинфекција и на преостанатите основни и средни училишта на подрачјето на општината.