Вршителот на должност градоначалник Константин Георгиевски денеска прими делегација од Пловдив, Р. Бугарија предводена од заменик градоначалникот  Георги Горгиев.  На протоколарната средба на која присуствуваа и  нивните раководители на секторите за култура, млади и образование,  Веселинка Балџиева и Пешја Шаркова и директорката на детската градинка „Борјана“, Станислава Беќарова се разговараше за зајакнување на соработката во делот на образованието и културата меѓу двете општини Охрид и Пловдив.

На средбата беше истакнато дека со оглед на тоа што Бугарија е веќе членка на Европската Унија  ќе се користат  нејзини  искуства за едуцирање на луѓе и аплицирање на проекти пред европските фондови за добивање на средства.

Во насока на зајакнување на соработката ,делегацијата од Пловдив денеска ќе ја посети детската градинка „Јасна Ристеска“, а утре факултетот за туризам  и угостителство. Гостите од Бугарија вечерва ќе присуствуваат на отворањето на културниот детски фестивал „Децата на Бугарија пеат и играат во Охрид “ кој  завршува во четврток.