Општина Охрид доби донација од 50 таблет компјутери од компанијата „Еколог Интернешнл“ кои ќе бидат наменети за учениците од социјално-ранливи семејства од Охрид кои имаат потреба од вакви електронски уреди за да можат да ја следат наставата „онлајн“.

Оваа донација е во насока на соодветно и успешно спроведување на наставата по електронски пат, во време на вонредни услови, предизвикани од пандемијата на Корона вирусот „Ковид 19“.

Освен во Охрид, компанијата донираше неколку илјади таблет компјутери и во други општини од Република Северна Македонија.