Поради изведување на градежни активности за асфалтирање на улицата „Ѓорче Петров“ на 28.02.2023 година (вторник) и на 01.03.2023 година (среда) ќе има забрана за паркирање на оваа улица, на потегот од крстосницата со улица „Марко Несторовски“ до пресекот со уличниот крак кој води кон станбениот комплекс „Христо Узунов“.

Се упатува молба до жителите од овој дел на градот да ја почитуваат забраната за паркирање и да ја намалат фреквенцијата на сообраќај на овој потег, додека траат градежните активности.