Вклучување на учениците во еколошко освестување и насочување, а со цел заштита и реставрација на клучните видови растенија како и негување на траен однос помеѓу заедницата и нејзината околина е главната цел на проектот SEEDS (семиња) кој го имплементираше тимот WISESTRIDE од Општина Охрид под менторство на м-р Ива Николоска и во соработка со НП „Галичица“.
 
На завршната работилница од проектот се одржа денеска во Националниот парк „Галичица“ во името на Локалната самоуправа присуствуваше советничката од Советот на Општина Охрид, Ана Крстеска. На работилницата беа презентирани проектните активности и едукативната патека (мини арбуретум) каде што се насадени дваесетина автохтони растенија (билки) кои се типични за планината Галичица. На настанот учествуваа ученици од ООУ „Кочо Рацин“, ООУ „Св. Климент Охридски“ и ученици од охридската гимназија, како и волонтерите пензионери од Црвен крст, Охрид.  
 
Проектот SEEDS (семиња) е реалзиран преку учество на Општина Охрид во комисионата едукативна програма при Универзитетот Лунд (LUCE) од Шведска (CIPSS 2023-2024), во соработка со Раул Веленберг Институтот од Шведска и Тимот WISESTRIDE од Охрид.
 
Проектот CIPSS 2024 ја има завршната Конференција овој петок кога тимот од Општина Охрид заедно со тимовите од Турција и Индонезија ќе имаат презентација на успешно имплементираниот проект.