Денеска заврши асфалтирањето на улица „Ирина Мирка Гинова“ во непосредна близина на „Отпадот“.

Асфалт е  поставен по должина од 430метри, а ширината на улицата е 4,5 метри.

Со реализација на проектот се решава долгогодишниот проблем со кој  се соочуваа жителите од овој дел на градот кои одеа по каллив или прашлив  пат во зима и лето.

Асфалтирањето на улицата „Ирина Мирка Гинова“ е дел  од Годишната програма  за работа на Секторот за комунални  дејности сообраќај и  улици  при Општина Охрид и се реализира со средства од буџетот на општината.