На почетокот на денешната седница предлагачот од дневен ред ја повлече 61. точка, односно Предлог-одлуката за обезбедување финансиски средства за функционирање на служби за заштита и спасување на подрачјето на општина Охрид во состав на  Црвен Крст Охрид. Дополнително, предлагачот дневниот ред го надополни со уште шест точки и тоа Нацрт програма за млади и невладини организации за 2021 година, Предлог одлука за аплицирање и кофинансирање на кофинансирање на регионален проект предлог, „Проект за поддршка на регионалниот економски развој: туризам, култура и други економски дејности“, Предлог одлука за измена и дополнување на програмата за комунални услуги Ј8 финансирани преку средства од домашни и меѓународни институции, Предлог одлука за проширување на буџетот за 2020 година, Предлог одлука за прифаќање донација на хуманитарни пакети наменети за социјално ранливи семејства донирани од КАМ ДОО, Предлог одлука за доделување на посебно признание на НУ „Охридско лето“ за достигнувања во областа на културата во изминативе 60 години, кои подоцна беа усвоени.

На денешната седница советниците ги усвоија предлог одлуките за константирање престанок на мандат на член во Советот на општина Охрид,  за дополнување на статутот на општина Охрид.

Советниците ги усвоија прелог одлуките за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата  за работа на Советот на општина Охрид за 2020 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на  Програмата  за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид 2020 за периодот од 01.07. до 30.09.2020 година,  за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.07.  до  30.09.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за  периодот од 01.07. до  30.09.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2020-2022 година за периодот од 01.07. до 30.09. 2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за заштита на животната средина и природата за 2020 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за енергетска ефикасност за 2020 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на  програмата за други комунални услуги  за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на програматa за изградба и реконструкција на локални патишта и улици  за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување  јавна чистота   за периодот од 01.01. до  30.09.2020 година.

Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на  програмата за  јавно осветлување   за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на  програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2019 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување и користење на паркови и зеленило  за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување 2020 – 2022 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година,  за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води 2020 – 2022 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на  програмата за изградба на сообраќајна сигнализација   за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2020 – 2022 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програма за активностите на Општина Охрид во областа на образованието  за 2020 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година.

Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програма за детска заштита  за 2020 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на активностите од Програмата за социјална заштита за 2020 година за периодот од 01.07. до 30.09.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за спорт и рекреација  за 2020 година за периодот од  01.07.2020 до 30.09.2020  година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за културни  манифестации и творештво за 2020 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година,  за усвојување на  Извештајот за реализација на Програмата за млади и невладини организации за 2020 година за  периодот од 01.07. до 30.09.2020 година,  за усвојување на Извештајот за остварување на буџетот на општина Охрид за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година.

Советот на општина Охрид ги усвои предлог одлуките за усвојување на извештаите од работењето на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за периодот од 01.01. до 30.09.2020  година, на ЈП Градски Пазар Охрид за периодот од 01.07. до 30.09.2020 година, на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид за периодот од 01.01. до 30.09. 2020 година,  на ЈП „ Охридски комуналец “ – Охрид за периодот од 01.07. до 30.09.2020  година,  на Извештајот за работењето на ЈП„Нискоградба Охрид“ – Охрид за периодот од 01.07. до 30.09.2020  година, на ЈП „ВОДОВОД“-Охрид за периодот од 01.01. до 30.09.2020година.

На денешната седница беа усвоени нацрт програмите за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид за 2021 година, за поддршка на локалниот економски развој на Општина Охрид за 2021 година, за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Охрид за 2021 – 2023 година, за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за 2021 година, за заштита на животната средина и природата за 2021 година, за спорт и рекреација за 2021 година,  за активностите на Општина Охрид во областа на образованието за 2021, за детска заштита за 2021 година, за социјална заштита за 2021 година, за одбележување  празници и манифестации во 2021 година, за активностите на општина Охрид во областа  на култура  за 2021 година, за работа на Советот на Општина Охрид за 2021 година, за унапредување на  родовата рамноправност на локално ниво  за 2021 година, за енергетска ефикасност за 2021 година, за одржување  јавна чистота за 2021 година, за подигање и одржување  на паркови и зеленило за 2021 година, за јавно осветлување за 2021 година, за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим  на сообраќај за 2021 година, за други комунални услуги за 2021 година, за  изградба  на системи за  водоснабдување за периодот од 2021- 2023 година, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за  2021 година, за изградба на системи за одведување и прочистување  на отпадни води за 2021 – 2023 година, за изградба на сообраќајна сигнализација за 2021 година, за уредување  градежно земјиште за 2021 -2023 година.

Советнците од советот на општина Охрид ги усвоија и предлог одлуките за утврдување фискална стратегија и развојни програми на Општина Охрид за 2021 година, за усвојување на Нацрт буџетот на Општина Охрид за 2021 година, за давање на трајно користење движни ствари-опрема-унифицирани  продажни  пултови, за давање согласност на одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид, за донесување на Деловник  за работа на парципативно тело од  областа на урбанизмот, за усвојување на техничка исправка за ГП 3 на Кп 8951/1 во КО Охрид 2, во ДУП за УЗ 9, УБ 9.2 општина Охрид, за усвојување на техничка исправка за ГП 2.24 од  ДУП за УЗ 2, УБ 2.3-опфат 4, општина Охрид, плански период 2010-2015 донесен со Одлука на  Советот  на општина Охрид бр. 07-6092/37 од 30.06.2014 година.