На почетокот на седницата на Советот на општина Охрид, по барање на градоначалникот Константин Георгиески и советникот Џемал Мена, дневниот ред беше надополнет со две точки. По барање на градоначалникот беше  предлог одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид, а по барање на советникот беше предлог одлука за обезбедување финансиски средства за помош на семејствата на настраданите од земјотресот во Република Албанија.

Советот на општина Охрид, на денешната седница ги усвои извештаите за реализација на Програмата  за работа на Советот на општина Охрид, за реализација на  Програмата  за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид,  за реализација на Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид, за реализација на Програмата за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид, за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид, за реализација на Програмата за заштита на животната средина и природата, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за енергетска ефикасност, за реализација на  програмата за други комунални, за реализација на програматa за изградба и реконструкција на локални патишта и улици, извештајот за реализација на програмата за одржување  јавна чистота, за реализација на  програмата за  јавно осветлување.

Дополнително на седницата беа одобрени извештаите за реализација на  програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај, за реализација на програмата за одржување и користење на паркови и зеленило, за реализација на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување, за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води, за реализација на  програмата за изградба на сообраќајна, за реализација на развојната програма за уредување на градежно земјиште, за реализација на Програма за активностите на Општина Охрид во областа на образованието, за реализација на Програма за детска заштита, за реализација на Програмата заагтивностите од  социјална заштита, за реализација на Програмата за спорт и рекреација, за реализација на Програмата за културни  манифестации и творештво, за реализација на Програмата за млади и невладини организации, за остварување на буџетот.

Советниците ги прифатија и извештаите од работењето и остварените резултати на  oд работењето и остварените резултати на ЈП Градски Пазар Охрид, за работaта на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид, за работењето и остварените резултати на ЈП „ Охридски комуналец “ – Охрид, за работењето на ЈП„Нискоградба Охрид“ – Охрид и Финансискиот извештај на МЈП „Проаква“ – Струга РЕ „Водовод“ –  Охрид.

На денешната седница, советниците ги прифатија нацрт – програмите за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид, за поддршка на локалниот економски развој на Општина Охрид, за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина, за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид, за заштита на животната средина и природата, за спорт и рекреација, за активностите на Општина Охрид во областа на образованието, за детска заштита, за социјална заштита, за млади и невладини организации, за култура, за работа на Советот на Општина Охрид, за унапредување на  родова рамноправност на локално ниво, за енергетска ефикасност, за одржување  јавна чистота, за подигање и одржување  на паркови и зеленило, за јавно осветлување, за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим  на сообраќај, за други комунални услуги, за  изградба  на системи за  водоснабдување, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици, за изградба на системи за одведување и прочистување  на отпадни води, за изградба на сообраќајна сигнализација, за уредување  градежно земјиште. Прифатени беа предлог одлуките за утврдување фискална стратегија и развојни програми на Општина Охрид и на Нацрт буџетот на Општина Охрид за 2020 година.

Исто така, беа прифатени и предлог одлуките за давање согласност на годишниот план за вработување во  ОУ„Методи Патче“- Охрид, за давање согласност на годишниот план за вработување во  ОУ „Братство единство“- Охрид, за давање согласност на годишниот план за вработување во  ОУ „Ванчо Николески“ с. Лескоец, за давање согласност на годишниот план за вработување во  ОУ „Григор Прличев“- Охрид, за давање согласност на годишниот план за вработување во  ОУ „Живко Чинго“ с. Велгошти, за давање согласност на годишниот план за вработување во  ОУ „Кочо Рацин“- Охрид, за давање согласност на годишниот план за вработување во  ОУ „Св. Климент Охридски“- Охрид, за давање согласност на годишниот план за вработување во  ОУ „Св. Наум Охридски“ с. Пештани – Охрид, за давање согласност на годишниот план за вработување во  ОУ „Христо Узунов“- Охрид за 2020 година.

Советот на општина Охрид, ги прифати и одлуките за пренесување на правото на времено користење на  недвижен имот – дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид на Министерството за информатичко општество  и администрација, за склучување договор за измени на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на административно деловно трговска зграда која вклучува изградба на затворен зелен пазар, за избор на командир на полициска станица од општа  надлежност Охрид, за поддржување при аплицирање на проект “Изработка на проектна документација за изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа во град  Охрид, на ниво на: проект за инфраструктура,  идеен  проект,  основен проект  и  ревизија на проектната документација“, за  подигање  спомен-обележје за Милениумскиот јубилеј: 1000 години Охридска Архиепископија, за  формирање одбор  за подигање спомен – обележје за  Милениумскиот јубилеј: 1000 години Охридска Архиепископија, за утврдување локација за градба на спомен- обележје за  Милениумскиот јубилеј: 1000 години Охридска Архиепископија, за прифаќање донација на реквизити за детски парк, за дополнување на одлуката за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистички планови и постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, за утврдување локација за градба на објект за сместување – прифатилиште за кучиња, за прифаќање на иницијативата за експропријација  на градежно земјиште Кп.бр.14761/10   во КО Охрид 3, за давање согласност на одлуката за усвојување на измената на годишниот план за вработување за 2019 година на  ЈП„Градски Пазар“-Охрид, за давање согласност на одлуката за усвојување на годишниот план за вработување на ЈП Градски Пазар – Охрид за 2020 година, за давање согласност на одлуката за дaвање согласност на променет годишен план за вработување за 2019 година на ЈП„Билјанини Извори“-Охрид, за давање согласност на одлуката за усвојување на годишниот план за вработување на ЈП “Градски Гробишта”- Охрид за 2020 година, за давање согласност на одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП„Нискоградба“-Охрид со статус на административни службеници, за давање согласност на одлуката за измена и дополнување на статутот на ЈП„Охридски Комуналец“ Охрид ,за  давање согласност на одлуката за  измена и дополнување на одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП “Градски гробишта” –  Охрид.

Советниците ги усвоија и двете дополнителни предлог одлуки за обезбедување финансиски средства за помош на семејствата на настраданите од земјотресот во Република Албанија.

Предлог одлуката за усвојување на извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид, не беше усвоена.