Со поставување на вториот асфалтен слој на коловозот денеска се изведуваат завршните градежни активности за реконструкција на улицата која минува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“.

Согласно проектот, во текот на изминатиот период на оваа улица беше извршено поставување на атмосферска канализација и се изврши уредување и поплочување на тротоарите од двете страни на улицата.

Според планираното, наскоро ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација и осветлување.