По извршената  реконструкција и замената на бехатон плочките со гранитни, деновиве  плоштадот “Табана“ хортикултурно се уредува, а поставена е и инсталација за соодветно осветлување. Во текот на утрешниот ден ќе бидат поставени жардинерии околу плоштадот и се замолуваат граѓаните да не паркираат возила на овој простор.

Вредноста на овој проект е 2.672.582 денари, а  Општина Охрид го реализира во соработка со Центарот за развој на југозападниот плански регион.