Започнаа подготвителните активности за  изградба на новата трибина на Градскиот стадион “Билјанини Извори” во Охрид. Трибината согласно договорот и согласно проектот усвоен од ФФМ ќе се гради од спротивната страна на сегашната монтажна трибина на место каде досега се наоѓаа отворените асфалтни кошаркарски терени.

Јавното претпријатие „Билјанини извори“ ги известува сите лица кои до сега ги користеа  кошаркарските терени,  понатамошните спортски  активности да ги продолжат на мултифункционалното игралиште во непосредна близина. Од претпријатието упатуваат апел и до  останатите  активни корисници на  услуги  на отворените терени посебно детските фудбалски школи, да внимаваат на движењето за време на извршувањњето на градежните активности поврзани сo изградбата на новата трибина.

Инаку,  трибината ќе биде изградена по највисоки светски стандарди со капацитет од 1480 седишта. Проектот  го реализираат  Општина Охрид и Фудбалската федерација на Македонија.