Делегација на Општина Охрид, денеска, во рамки на чествувањата положи свежо цвеќе пред спомен бистата на Христо Узунов во истоименото основно училиште.

Чествувањата продолжуваат вечерва со свечена програма по повод Патрониот празник на ООУ „Христо Узунов“ во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ и на 24.04 со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето на Христо Узунов во Градскиот парк и со панихида на неговиот гроб во Цер, Кичево.