Во согласност со препораката под реден број 19, која беше нотирана од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (Сесија 41 COM 7B.34), Општина Охрид ја започна најавената акција за отстранување на рекламните билборди кои се лоцирани во делови од централното градско подрачје и на крајбрежниот потег, во должина на кејот „Македонија”.

Акцијата за отстранување на билбордите е координирана од службите на Јавното претпријатие „Градски Пазар”. Во текот на денешниот ден беше реализиран првиот дел од акцијата за отстранување, при што беа демонтирани вкупно 5 билборди, за кои во моментов нема активни договори за закуп на локациите.

Во текот на наредниот период планирано е да бидат отстранети и останатите рекламни билборди, кои ја нарушуваат визурата кон потегот на Охридското Езеро и во потегот на стариот дел на Охрид.