Од денес почнаа градежните активности за реконструкција и уредување на Булеварот „Македонски Просветители“. Со проектот предвидено е да се изврши реконструкција на двете коловозни ленти кои меѓусебно ќе бидат одвоени со зелен појас. Предвидено е паркирањето на булеварот да биде косо под агол од 45 степени по една страна. Исто така со проектот е опфатена и изградба на велосипедска патека која ќе биде двонасочна и две пешачки патеки.

– Денеска започнуваме со изградба на булеварот „Македонски Просветители“ којшто документационо беше завршен во изминатиот период. Во моментов ќе тендерираме само уште две работи кои не беа завршени со документација. Рокот е 6 месеци, во кои ние тековно ќе ги средиме сите потребни документи и тендерот за осветлување и со тоа ќе имаме комплетно булеварско решение со осветлување, двосмерна велосипедска патека, пешачки патеки од двете страни и нов коловоз, истакна градоначалникот Кирил Пецаков.

Изведувач на градежните зафати е АД „Илинден“, а вредноста на проектот изнесува околу 38 милиони денари.