Со пригодна свеченост, денес, започна 18. издание на интернационалниот музички натпревар „Охридски Бисери“. На отворањето свое обраќање имаше советникот во Советот на Општина Охрид, Филип Јованоски.

– Охрид покрај тоа што е туристички и културен центар, слободно може да го носи епитетот најфестивалски град. Покрај најголемата културна манифестација „Охридско лето“, се одржуваат и бројни фолклорни, фестивали на класична музика, забавна, фолк, рок, поп и етно музика. Сите фестивали, во текот на годината привлекуваат огромен број на посетители, сите си имаат своја публика, но сите заедно создаваат еден специфичен амбиент кој е магнет за привлекување што поголем број домашни и странски туристи. Своето обраќање ќе го завршам со мислата на големиот Фредрих Ниче: „Без музика, животот би бил грешка“.  Убавото време искористете го за прошетка низ Охрид, и се надевам дека сите ќе понесете убави спомени од древниот град, истакна Јованоски.

Натпреварувањата ќе се одвиваат во повеќе дисциплини и категории. За сите учесници предвидени се признанија за учеството, а за најдобрите предвидени се вредни награди.