Координативен состанок во врска со организирањето на Охридскиот пливачки маратон, денеска, се одржа во просториите  на Општина Охрид. На состанокот учествуваа градоначалникот Кирил Пецаков, претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев, претставници на Локалната самоуправа, претставници на охридските пливачки клубови и претставници од пливачката федерација на Македонија.

На состанокот се разговараше околу прецизирање, распределба на обврските  и за формирање на организационен одбор со цел успешна организација на Охридскиот пливачки маратон.  За координатор на активностите е поставен Ристе Јанкоски.

Градоначалникот Кирил Пецаков, ја истакна важноста за Охрид и охриѓани од одржувањето на маратонот и ја потенцираше силната поддршка што Локалната самоуправа ја дава за успешно издание на Охридскиот пливачки маратон.