Избрани се најдобрите поетски творби на Конкурсoт за најдобра поетска творба што го распишува градоначалникот на општина Охрид по повод Св. Климент Охридски –
Патронот на Охрид, за стимулирање на творештвото на учениците од прво одделение до четврта година од средните училишта.

Oд вкупно 72 пристигнати поетски творби посветени на животот и делото на Св.Климент Охридски, жири- комисијата во состав: Славе Ѓорѓо Димоски (претседател), Светлана Огненова (член) и Перчо Божиновски (член) донесе одлука за избор на најдобрите творби:

  • Наградата во I категорија (за ученици од одделенска настава – од прво до петто одделение) да ѝ се додели на песната: „Песна за Св. Климент“ под шифра „МКД013“.
  • Наградата во II категорија (за ученици од предметна настава – од шесто до деветто одделение) да ѝ се додели на песната „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“, под шифра „Роза“.
  • Наградата во III категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година) да и се додели на песната: „Св.Климент Охридски“, под шифра„Самај“ .

Се повикуваат добитниците на наградите да дојдат во Одделението за култура во општина Охрид, најдоцна до 07.12. 2021 гoдина (вторник) до 12 часот и со себе да го понесат четвртиот примерок од творбата со која конкурирале.