Ве известуваме дека од денес, 10.06.2019 година, (понеделник), Општина Охрид  ќе започне со изведување на градежни активности за обележување на хоризонтална сигнализација на територијата на општината.

Обележувањето на хоризонталната сигнализација ќе се одвива во месец јуни во попладневните и вечерните часови.

Се известуваат сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат својата брзина на движење согласно условите на патот.