ЈП „Билјанини извори“ ги известува сите сопственици на пловни објекти кои се усидрени во каналот Студенчишта, делот со кој стопанисува ЈП „Билјанини извори“  со одлука на Советот на град Охрид, а кои до сега го немаат регулирано својот статус (резервација на сидришно место), тоа да го сторат во наредните два дена (дирекција на ЈП „Билјанини извори“, 08-15 часот) инаку претпријатието ќе биде приморано да ги отстрани сите пловни објекти на товар на сопствениците на пловните објекти.