Во рамки на социјално-едукативната програма на Ohrid Water Fetsival вчеравечер на платото пред хотелот „Палас“ се одржа Промоција на водени спортови и опрема. Исто така беше отворена и изложбата на фотографии „Видови риби во Охридското Езеро“ во организација на Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“.

Со пригодна свеченост беа промовирани учесниците на „МЕЧ РЕЈС Европски куп 2024“. На оваа важна спортска манифестација, која годинава се одржува на Охридското Езеро, ќе настапат 8 тимови со четиричлен екипаж од Франција, Грција, Полска, Шпанија и Македонија. Домаќини на европското натпреварување се клубот за спортско едрење „Охрид Меч Рејс” од Охрид и клубот „Нов ветер“ од Скопје.