Во Основното училиште „Кочо Рацин“ на  30.04.2019 година (вторник) од 12:00 до 14:00 часот ќе биде поставена изложба на портрети на Кочо Рацин,  по повод 80 години од печатењето на збирката „Бели Мугри“. Изложбата е организирана од страна на фондацијата „Ангел Петров“ од Велес. Од страна на фондацијата ќе бидат изложени  20 портрети на Кочо Рацин.