Поради изведување на градежни зафати за санација на мрежата за атмосферска канализација, почнувајќи од 17.06.2019 ( понеделник) па во наредниот период, делот на ул. „Коста Абраш“ на потегот од пресекот со ул „Самоилова“ па се до Долна Порта ќе биде целосно затворен за сообраќај во периодот од 07 до 17 часот.

Се молат граѓаните и учесниците во сообраќајот да се придржуваат до известувањето и да ја  почитуваат времената собраќајна сигнализација.