Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“  денеска спроведоа вонредни превентивни активности за дезинфекција на јавните површини на подрачјето на Општина Охрид.

Согласно препораките за превенција од ширењето на корона вирусот Ковид-19 со средство за дезинфекција беше извршено комплетно чистење на:

  • Старата чаршија,
  • Плоштадот кај Чинарот,
  • Плоштадот „Свети Климент Охридски“
  • Паркот пред рибниот ресторан
  • Градскиот кеј со сите патеки во градскиот парк
  • Урбаната опрема и клупите
  • Детското игралиште во градскиот парк

Исто така во текот на вчерашниот ден беше извршена дезинфекција на јавните површини во комплексот на објектите на ЈЗУ „Општа Болница“ Охрид

  • Влезот во здравствената установа,
  • Коловозните површини,
  • Тротоарите,
  • Сите пристапи кон различните оддели.

Од претпријатието информираат дека и во текот на наредните денови ќе бидат спроведени сет превентивни мерки со цел зајакнување на заштитата на здравјето на луѓето и одржуавње на јавната чистота на највисоко ниво.