Градоначалникот Кирил Пецаков, вечерва, организира ифтарска вечер за граѓаните од муслиманска вероисповед. Оваа вечер се организира во духот на меѓусебното разбирање, почитување, толеранција и соживот.

Ифтарската вечер под покровителство на градоначалникот на Општина Охрид се организира традиционално години наназад, со цел да ги зајакне односите помеѓу охриѓани и да испрати порака за хуманост и солидарност.