Вкупно 24 новосодадени композиции од поп и фолк музиката беа изведени во рамки на 18-то издание на фестивалот „Канео Фест” кој се одржа вчеравечер во Охрид.

Во името на Локалната самоуправа, која е покровител на овој музички настан, свое обраќање пред публиката имаше Советникот во Советот на Општина Охрид, Ристо Николески.

Вечерва, Охрид ќе живее со звуците на  новосоздадените фолк и поп музички нумери, кои ќе ги изведат познати, но и надежни имиња од македонската музичка сцена, но и гости од Република Бугарија и Република Србија. Вие, учесниците на фестивалот ќе покажете што знаете и умеете, а нам ќе ни овозможите да уживаме во Вашите изведби. Со учеството на овој фестивал, Вие станувате дел од богатата културна сегашност и ќе станете дел од мозаикот на културните настани што се одржуваат во Охрид.

Локалната самоуправа ги поддржува и ќе ги поддржува ваквите настани со што се збогатува туристичката понуда за домашните и странските туристи. На ваков начин  ја реализираме нашата стратегија за постојано внесување на нови содржини не само од областа на културата и забавата, туку и од спортот и другите форми на алтернативниот туризам, истакна Николески.

Во рамки на ревијалиот дел на фестивалот настапи оперската певица Зорица  Белиќ од Нови Сад, Србија, како и добро познатиот изведувач и композитор Горан Милошевски.