КОМИСИЈА ЗА ПРАВА НА ПАЦИЕНТИ

Комисијата за унапредување на правата на пациентите е формирана за да се овозможи заштита на правата на пациентот со што би се обезбедила квалитетна и континуирана здравствена заштита во согласност со тековните достигнувања во здравството и медицината, во рамките на системот на здравствена заштита и здравствено осигурување, соодветна на поединечните потреби на пациентот, со отсуство на каква било психичка и физичка злоупотреба, со целосно почитување на достоинството на неговата личност и во негов најдобар интерес.

  • Комисијата ги разгледува барањата поднесени од страна на пациентите чии права се повредени а се однесуваат на здравствената заштита, односно заштита на правата на пациентите утврдени во Законот за заштита на правата на пациентите
  • Барањата се поднесуваат во соодветен формулар пополнет лично од пациентот чие право е повредно или од член на потесното семејство на пациенот чие право е повредно, а се доставуваат преку Архивата на општина Охрид
  • Поднесените барања се разгледуваат од страна на Комисијата и се проследуваат до соодветни надлежни органи и институции, а врз основа на Законот за заштита на правата на пациентите, а и инспекциски надзор над спроведувањето на овој закон врши Државниот санитарен здравствен инспекторат согласно закон.

БАРАЊЕ АНКЕТЕН ЛИСТ

Контакт: Комисија за унапредување на правата на пациентите

Телефон: (046) 262492 / (046) 262493  /  лок. 198

E-mail: pravanapacienti@ohrid.gov.mk