На националниот празник 11 Октомври,  во  недела   со почеток во 13 часот на плоштадот  „Св. Климент Охридски“ во Охрид концерт ќе одржи Владимир Василески – Четкар со неговиот бенд.

Концертот ќе се одржи по строго предвидените мерки за заштита од КОВИД 19. Екипи на Црвен Крст- Охрид ќе им  мерат телесна температура на присутните , а задолжителна ќе биде и дезинфекцијата на раце.

Организаторите упатуваат апел до сите  оние кои сакаат да бидат дел од музичкиот настан да ги почитуваат и да се придржуваат кон  пропишаните протоколи за заштита  и спречување на ширење на заразата, односно да носат заштитни маски за уста и нос и да го држат потребното растојание меѓу себе  од  минимум два метри.