К О Н К У Р С ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ЛОГО ПО ПОВОД 80 ГОДИШНИНАТА ОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ОХРИД
- мај 16, 2024
- 0
Општина Охрид објавува Конкурс за избор на идејно решение за лого по повод 80 годишнината од ослободувањето на Охрид.
Целта на логото е со низа на културни и спортски настани да се одбележи јубилејот 80 години слободен Охрид.
Сите настани организирани или поддржани од Општината ќе го носат логото кое ќе го избере стручна жири – комисија формирана од градоначалникот на Општина Охрид.
Сите знаедно под плаво белото знаме на Општина Охрид да го прославиме 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Општина Охрид.
По повод големиот Јубилеј Општина Охрид ќе организира повеќе активности со сите охридски репрезенти (културни, образовни, спортски, научни и сл), а главната свеченост ќе биде на 7.11.2024 година на самиот роденден на Охрид.