Со одлука на градоначалникот, Кирил Пецаков, за В Д  директор на ЈП „Водовод“ Охрид  е поставен Марјан  Ристески.

Ристески е дипломиран менаџер по царина и шпедиција. Има долгогодишно менаџерско искуство најпрво во приватниот, а подоцна и во јавниот сектор.  Како директор на  Државниот  студентски дом „Никола Карев“ успеал од институција којашто била во  згаснување да   создаде  стабилна и успешна установа.