Дел од вработените во општинската администрација денес присуствуваа на Сесија за дисеминација што ја организира  Црвениот Крст – Охрид со поддршка на Меѓународниот Комитет на  организацијата .

Учесниците на настанот  се запознаа со  историјата на Меѓународното движење на Црвениот крст, основните принципи на работа,  мандатот и активностите на компонентите на Движењето и  активностите  на Црвен крст – Охрид.

Целта на настанот е јакнење на програмата за дисеминација и мобилизирање на заедницата за проширување на капацитетите на волонтерската мрежа на ЦК.

Денешната сесија е дел од кампањата  ЦК и Меѓународниот комитет на ЦК   за промовирање на улогата на Националното друштво на ЦК во поддршка  на државниот институционален систем.