Во просториите на општина Охрид, денес, се одржа мотивациски настан „Патот кон успехот“ во организација на Факултетското студентско собрание при Факултетот за туризам и угостителство – Охрид.

На настанот како предавачи се јавија Бранко Попоски од „Идеа лаб“ и Дамир Бошњак од „Dream big hospitality“. Свое обраќање на отворањето на настанот имаше и градоначалникот Константин Георгиески.