Екипите на ЈП „Нискоградба“ по налог на Општина Охрид започнаа со градежни активнисти за поставување на нова атмосферска канализација во населбата  „Христо Узунов“ .

Се поставуваат цевки за одведување во должина од 70 метри, со што ќе се надмине долгогодишниот проблем со насобирање на атмосферска вода на коловозот, во овој дел од населбата.