Започна реализацијата на проектот за  поставување на најсовремена енергетски ефикасна фасада на објектот од ОЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“. Станува збор за инвестиција  на Министерството за образование во соработка со општина Охрид. Во рамки на проектот предвидено е  реновирање на училишната работилница.

Изминатиов период во оваа образовна институција  беше реконструиран кровот,  променета  е дограмата, а  се поставија нови тавани во сите простории. Објектот доби и ново ЛЕД осветлување.

Со средства на општина Охрид наредниов период е предвидено да бидат поставени и нови подови во сите училишни простории.