Екипи на Јавното претпријатие „Нискоградба“ работат  на поставување фекална канализација на еден крак од улицата  „Илинденска“во село Лескоец во должина од 84 метри. Во активноста е вклучена и изградбата на четири шахти. Проектот  е финансиски подржан од Општина Охрид , а реализацијата завршува денес.

 Со финансиска поддршка на локалната самоуправа ова охридско претпријатие утре започнува со поставување фекална канализација и на крак од улицата „Илија Смически“  во село Лескоец во  должина од 65 метри , а е предвидено да се изградат и три шахти.