Во тек се работни активности за комплетна реконструкција на подовите во ООУ „Христо Узунов“.

Поставена е нова бетонска подлога во сите сите училници, со вкупна површина од 1358 метри квадратни, a во текот на наредниот период истата ќе биде поплочена со современ пвц материјал.

Оваа инвестиција е дел од овогодишната Програма за образование на Општина Охрид и за нејзина реализација од општинскиот буџет се издвоени 892.552 денари.

Во текот на изминатиот период во ООУ „Христо Узунов“ беа спроведени низа реконструктивни зафати со кои значително се подобрија условите за одвивање на наставата. Беше извршена промена на дограмата во целиот училишен објект, беа реконструирани тоалетите и беше поставен нов покрив.