Во завршна фаза се активностите за реконструкција на подовите во ООУ „Григор Прличев“. Нови подни облоги од линолеум се поставени во ходничните простории на приземјето и првиот кат од новиот училишен објект.

Оваа инвестиција е дел од овогодишната Програма за образование на Општина Охрид и за нејзина реализација од општинскиот буџет се издвоени 748.162 денари.

Со цел да се подобрат условите за одвивање на наставата, во текот на изминатиот период, со средства од Општина Охрид беше извршена промена на дограмата во новиот објект, беа реконструирани подовите во неколку училници и беше извршена реконструкција на дел од тоалетите.