Деновиве започнаа работни активности за промена на покривната конструкција на подрачниот училишен објекти на ОУ „Свети Наум Охридски“ во  селото Елшани и на покривната конструкција на училишниот објект на ОУ „Братство Единство“ во населбата Лескајца.

Овие инвестиции се предвидени во рaмки на Годишната програма за образование за 2019 година. За објектот во Елшани, од општинскиот буџет се наменети 951.608 денари, а за училиштето во Лескајца 3.239.482 денари.

Во текот на наредните денови се очекува да започнат и работни активности за промена на покривната конструкција на ОУ „Христо Узунов“ во вредност од 4.109.512 денари и промена на покривната конструкција во подрачниот училишен објекти на ОУ „Свети Наум Охридски“ во селото Коњско.