Екипи на  ЈП „Нискоградба“ деновиве работат на реконструкција на тротоари и изведба на канализациона мрежа во село Лескоец со должина од 190 метри Ф 200 со  изведба на 7 шахти.

ЈП „Нискоградба“ преку Одделението за изградба, одржување и реконструкција на локални патишта и улици и Одделението за изградба на канализациони мрежи континуирано работи на подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живеење во градот и во другите населени места во Општина Охрид.