Во пресрет на новогодишните празници, со цел да се сподели празнична радост и внимание, градоначалникот Кирил Пецаков, денеска подели новогодишни пакетчиња на најмладите.

Новогодишни пакетчиња беа поделени во Инклузивната игротека  „Радост“, во здружението „Во мојот свет“, здружението „Тајните на моето срце“, дневниот центар „Доброљубие“ во црквата „Свети Ѓорѓија“, дневниот центар „Зраци“, како и на дечињата кои се лекуваат во Општата Болница во Охрид.

Пригодни подароци беа поделени и на згрижените пациенти во Одделението за геријатрија при Општата Болница.