Се гради ново детско игралиште на пешачката патеката кон „Горица“ во непосредна близина на фитнес зоната.

На локацијата веќе се поставени најсовремени реквизити, кои се прилагодени и за дечиња со посебни потреби. Во тек се работни активности за поставување на специјална гумирана подлога, која е во согласност со стандардите за безбедност.

Со цел да се подобрат условите за забава на најмладите, планирана е изградба на детски игралишта во непосредна близина на ОУ „Григор Прличев“ и во населбата „Црногорци“ во непосредна близина на новиот терен за баскет.

Вредноста на трите детски игралишта е 3.446.113 денари, а седствата се обезбедени од Буџетот на Општина Охрид.