Училишниот двор, пристапот од страна на игралиштето и споменикот на Св. Климент Охридски од денес се со ново осветлување. Дотраените и неекономични  светилки се заменети со лед кои што се штедливи, а целокупната инвестиција е финансирана од општина Охрид.

Претходно во училиштето беше замената  старата и дотраена дограма со нова и енергетско ефикасна, а дополнително  беше поставен под од ламинат. Во подрачното училиште во населба Даљан, деновиве беше извршена комплетна реконструкција на подот со поставување на нов ламинат, а во наредниот период се планира и промена на дограмата.