НОВ АСФАЛТ НА НЕКОЛKУ ЛОКАЦИИ ВО СЕЛО ГОРНО ЛАКОЧЕРЕЈ
- ноември 16, 2022
- 0
Во тек се работни активности за поставување на нов асфалт на неколку локации во село Горно Лакочереј. Се асфалтира во центарот на целото, околу училиштето и неколку помали улички.
Асфалтирана е површина од околу 1000м2, со вкупна должина од 250 метри и ширина околу 4 метри.
Активностите се дел од годишните програми на Општина Охрид, во рамки на тендереот за асфалтирање на улици во рурални средини.