Со цел повторно оживување на Студенчишко блато, компанијата Тетрактис изработи Aрхитектонско-урбанистичка анализа во функција на ревитализација на Студенчишко блато, преку восооставување на одржлив економски модел. Предмет и цел на oвoј прoект претставува ревитализацијата на Студенчишкo блатo, овозможување на негово природно функционирање заедно со воспоставување на одржлив економски модел на содржини кои се насочени кон развој на локалитетот.

Студенчишко Блато е едно од ретките природни блата на територијата на Р.Македонија кое е валоризирано како “споменик на природата”, но моментално е во незавидна состојба заради несоодветниот третман кое го трпи, поради лошата и несоодветна експлоатација која го попречува неговото природно функционирање.

Во насока на остварување на идејата, ќе се одржи презентација на проектот за анимирање на културната и експертската  јавност на конструктивен дијалог.

Презентацијата ќе се одржи на  7 ноември 2019 година, со почеток во 20 часот, во објектот  “Јавна соба”во Скопје.