Во рамки на чествувањата по повод одбележување на  годишнината од херојската погибија на  Христо Узунов, денес делегација  на Општина Охрид положи свежо  цвеќе пред неговата спомен- биста  во градскиот парк. 

  Делегација  на општината присуствуваше  и на панихидата и се поклони на гробот на познатиот охридски револуционер во Цер – Кичево.

Деновиве со културно уметничка програма ООУ „Христо Узунов“ го одбележа патрониот празник.