Пред спомен обележјето на градскиот кеј, денеска беше одбележана десетгодишнината од најголемата бродска несреќа на Охридското Езеро, потонувањето на бродот „ Илинден“ . Букети свежо цвеќе, пред спомен обележјето, положија заменик-градоначалникот Ристо Николески, амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија Ангел Ангелов и генералниот конзул Димитар Иванов, како и претставници на Капетанијата на пристаништата, Здружението 5 септември, политички партии и здруженија на граѓани.

На одбележувањето беа презентирани и скици од новиот споменик, кој е изработен, а ќе биде поставен  по донесувањето на одлука на Советот на општина Охрид и усвојувањето на петгодишниот план за споменици и спомен обележја.

Несреќата се случи на 5 септември 2009 година во 10:30 часот, кога потона бродот „Илинден“ со 57 патници, од кои 15 туристи од Република Бугарија го загубија животот.