Со пригодна свеченост која се одржа вчера, РЦСОО „Ванчо Питошески“ го одбележа својот патронен празник.

Директорот Марјан Радески им додели благодарници на учениците кои учествуваа на меѓународниот натпреват „ГАТУС 2022“ и освоија медаљи, а на вработените кои прославуваат јубилеј од своето вработување им додели пригодни награди.

Во рамките на одбележувањето на патронатот, во просториите на училиштето беше приреден коктел подготвен од страна на учениците.