Со  синоќешното осветлување на зградата на Општина Охрид во зелена  боја,  локалната самоуправа се вклучи во одбележување на Светскиот ден на церебралната парализа – 6.Октомври.  На овој ден се потсетуваме дека има над 17 милиони луѓе во Светот  погодени од ова здравствено нарушување.

Церебралната парализа е несакан глобален феномен  и е  еден од најчестите физички попречености  што ги погодува нашите најмили, децата. Оваа попреченост може да се појави во различни периоди од нивното  растење и развој.

Затоа сите во рамки на своите надлежности  да работиме  на   подобрување на  условите   за живот на оваа категорија луѓе.