ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
Одделението за спроведување на урбанистички планови ги врши работите што се однесуваат на:
- издавање изводи од урбанистичките планови (со барање преку архива или преку електронски систем е-дозвола);
- издавање одобренија за градење на градби од втора категорија (преку електронски систем е-дозвола);
- издавање одобренија за доградба или надградба (преку електронски систем е-дозвола);
- издавање одобренија за реконструкција, пренамена и адаптација (преку електронски систем е-дозвола);
- издавање решенија за градби за кои не потребно одобрение за градење (преку електронски систем е-дозвола);
- водење на процесот за постапување со бесправно изградени објекти;
- вршење увид во реализација на планската документација и поведување иницијатива за измена и дополнување на истата;
- изготвување анализи, информации и давање предлози за промена на законската регулатива за спроведување на урбанистичките планови;
- врши и други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи
Контакт: Тихомир Дурнев
Телефон: (046) 262492 / (046) 262493 лок. 130
E-mail: urbanizam@ohrid.gov.mk