ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
Одделението за јавни набавки ги врши работите што се однесуваат на:
- примената за законите, подзаконските акти и другите прописи од областа на јавните набавки, следењето и согледувањето на потребите од набавки во општината;
- изготвување на годишниот план за јавни набавки и водење сметка за неговото спроведување;
- утврдување на начинот на постапката во зависност од видот и вредноста на набавката согласно Законот за јавните набавки;
- подготвување предлог за одобрување на потребните набавки;
- изготвување на техничката докумантација потребна за јавите набавки;
- следење на работата на комисијата за јавни набавки и давање стручна и техничка помош;
- изготвување договори за јавните набавки и следење на нивното спроведување;
- предлагање мерки и активности за спречување на јавни набавки надвор од годишниот план и средствата предвидени со Буџетот на општината;
- врши и други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.
Контакт:
Телефон: (046) 262492 / (046) 262493 лок. 169
E-mail: javni.nabavki@ohrid.gov.mk